Москва и Пекинг ќе ги заштитат меѓусебните интереси, рече Лавров

t

Русија и Кина се подготвени да ги заштитат меѓусебните интереси на меѓународната сцена, изјави во средата рускиот министер за надворешна работа Сергеј Лавров на средбата со членот на Политбирото на кинеската Комунистичка партија и шеф на бирото за надворешна политика на Централниот комитет, Ванг Ји.

„Нашите односи се развиваат стабилно и динамично, и покрај високата турбулентност на светската сцена, ние демонстрираме сплотеност и подготвеност да ги браниме меѓусебните интереси врз основа на почитувањето на меѓународното право и централната улога на Обединетите нации“, рече Лавров.

Од своја страна, пак, Ванг Ји истакна дека „големата динамика на соработка продолжува со напорите на кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

„И покрај нестабилноста на меѓународната ситуација, Кина и Русија секогаш ја задржуваат стратешката определба, цврсто и уверено движејќи се во согласност со формирањето на мултиполарниот свет и остануваат посветени на мултиполарноста“, додаде Ванг Ји пред почетокот на разговорите.

Пекинг, како што посочи највисокиот кинески дипломат, од денешните средби во Москва очекува нови договори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уапсен 62-годишен тетовец по сомнение за…

По видео објавено на социјалните мрежи, 62-годишен…

Најмалку 151 руски и осомничени руски хибридни…

Пожари во магацини, експлозивни пакети во курирски…

НАПАДНАТ 13-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ: Родител на негов…

13-годишно момче од Скопје било донесено со…

Голема утеха од Брисел: Напредокот ѝ е…

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред…

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од…

Четири лица се лишени од слобода во…