Москва: Украинскиот имот во окупираната област Запорожје ќе се „национализира“
Властите на украинскиот регион Запорожје, кој е под руска контрола, соопштија дека имотот и ресурсите на украинската држава ќе бидат „национализирани“, пренесе Би-Би-Си.
Андреј Трофимов, заменик-шеф на администрацијата наметната од Москва, рече дека е потпишан декрет за национализација на украинскиот имот.
Агенцијата Интерфакс го цитира Трофимов кој рекол дека национализацијата ќе се однесува на земјиштето, природните ресурси, објектите во стратешките сектори на економијата, како и имотот во сопственост на Украина од 24 февруари – денот кога Русија ја почна својата инвазија на земјата.
– Уредбата беше потпишана со цел да се задоволат државните потреби поврзани со подобрувањето на севкупната ефикасност и социјалната ориентација на економијата, како и за зачувување на националното наследство за жителите на регионот Запорожје, рече тој.
Би-Би-Си претходно јави дека украинските власти би можеле да ја исклучат нуклеарната централа во Запорожје доколку Киев ја загуби контролата врз нејзината работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…