Објавено на:

Москва ќе одговори пропорционално на одлуката на Романија да прогласи руски дипломат за непожелна личност

t

Москва ќе одговори пропорционално на одлуката на романските власти да прогласат руски дипломат за персона нон грата, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Очигледно е дека ќе одговориме реципрочно на потегот на романските власти“, предупреди Захарова, додавајќи дека зад одлуката на Букурешт стојат „наметнати изговори“, пренесува ТАСС.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи потегот на властите во Букурешт го окарактеризира како „последна провокација, според сценариото кое во последните неколку месеци неколкупати го користеа мнозинството земји-членки на ЕУ и НАТО“.

Романското Министерство за надворешни работи соопшти дека вработен во руската амбасада во Букурешт, кој ја напушти Романија на почетокот на неделава, е протеран, наведува руската агенција, пренесува Танјуг.

Во април Романија прогласи 10 вработени во руската амбасада за непожелни, а Москва одговори во мај со протерување на исто толку вработени во романската амбасада во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…

Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…