Мојсоска: Бугарофилско крило ја ровари ВМРО-ДПМНЕ, не ги лажете луѓето!
Бугарофилско крило ја ровари ВМРО-ДПМНЕ, вели генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.
-Последниве месец дена речиси да нема интервју, во кое пратеник на ДПМНЕ не пропушта да повтори дека “тие не биле против бугарите во Уставот, туку дека не биле за бугари во Уставот под овие УСЛОВИ”?!
За какви подобри услови фантазираат од оваа самопрогласена патриотска партија – кога Бугарија не ги сменала своите шовинистички политики од времето на Тодор Живков? Мене јасно ми е дека бугарофилското крило силно ровари во оваа партија, ама барем не го манипулирајте овој напатен народ дека внесувањето на Бугари во Уставот под “други услови” не е ПОГУБНО.
Македонскиот устав е етнички устав и генерира низа законски обврски на државата кон малцинствата – што во случајот со шовинистичка Софија само полека, но сигурно, ќе почне да се реализира пропагандата за Санстефанска бугарија, институционално поддржана на македонска територија! – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…