Мојсоска: Колку вреди животот на непривилегираната жена!
КОЛКУ ВРЕДИ ЖИВОТОТ НА НЕПРИВИЛЕГИРАНАТА ЖЕНА!
Вчера убиецот Дејан Јовановски свирепо уби две жени. Убиството следеше после 10 години тортура и малтретирање врз двете жени, како и непостапување и толерирање од правосудните органи.
Убиецот имал ПЕТ кривични пријави, а достапни се само ДВЕ УСЛОВНИ пресуди?! Иако второто дело го извршил додека бил условно осуден, судијата повторно му дава условна осуда?!
ИМИЊА, другари, имиња! Јавно да се објави името на СУДИЈАТА кој ваков монструм дозволил да се шета на слобода за конечно вчера свирепо да го заврши своето злодело! Доколку убиецот бил зад решетки, можеби никогаш немало да се случи вчерашниот злостор.
Судијата да излезе пред јавноста и да даде објаснување како оценил дека ваков монструм треба да биде осуден условно, кој имал низа на физички напади?!
ОДГОВОРНОСТ од сите чинители во низата кои се директни соучесници во убиството на две жени!
Колку вредат нашите ЖИВОТИ во вашето посрано корумпирано правосудство?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…