Мојсоска: Толку нè хипнотизираа со ветувањата на старата вавилонска блудница, веќе заборавивме да говориме за суштинските работи кои живот значат
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук го коментира случајот со распределба на лекот Трикафта за болните од цистична фиброза. Пациентот Игор Пехчевски на Фејсбук обвини дека од Детската клиника му се заканиле дека доколку уште еднаш повика новинари, за него ќе нема место на клиниката, додека директоката на Детската клиника одговори на ваквите одбвинувања и кажа дека Пехчевски бил револтиран што не е на приоритетната листа за лекот.
-Какви ЕУ и НАТО критериуми, во држава каде се одредува кој живот е поприоритетен да добие достапен лек.
Јавниот простор е толку затруен со бугари, устав, Борел, #wearenato, урсула што кажала, 20% во устав, нато, еу, нато, еу – да свесно заборавивме да дискутираме и дебатираме на суштински теми.
Пред очи ни колабира јавното здравство, пациенти умираат од партиско-лекарски грешки, се моли за лек за живот, и сето ова два дена ќе помине забележано во јавноста, па се враќаме на хипнозата и екстазата на евроинтегративните процеси.
Се кастри буџетот за јавното здравство, се затвораат цели одделенија, повеќе има рамковни во Министерството на Груби него што имаме лекари – ама уште бугарите во уставот и со магично стапче ќе ги елиминираме аномалиите на општеството.
Толку не’ хипнотизираа со ветувањата на старата вавилонска блудница, да веќе заборавивме да говориме и полемизираме за суштинските работи кои живот значат. – напиша Мојсоска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…