Мојсоска: Што прави началникот на СВР Битола во друштво на истакнати претставници на фашистичкото дувло ВАНЧО МИХАЈЛОВ?

t

Што прави началникот на СВР Битола – Сашо Мирчески во друштво на истакнати претставници на фашистичкото дувло ВАНЧО МИХАЈЛОВ? – прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска во објава на Фејсбук.

– Благој Шаторов е поранешен секретар на фашистичкото здружение од Битола. Георги Црномаров е познат по своите анти-македонски изјави, каде јавно се залага за тезата дека ,,македонската нација не постои пред 1945 година”. Во нормални држави, вакви ликови кои промовираат рехабилитација на фашизмот би биле под кривичен прогон. Во Македонија, се сликаат со началници.

Прашањето кое се наметнува е: дали началникот Мирчески ги дели истите “идеолошки погледи” како овие негатори на македонската нација и за интересите на која држава работи лице кое зазема висока позиција во МВР? Дали Мирчевски воопшто бил предмет на безбедносни проверки пред да биде поставен за началник?

Се потврдува тезата дека Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Континуитет кој стигнува до 2025 година… – напиша Мојсоска и сподели фотографија од споменатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…

Во битолското земјоделско училиште се запишале само…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…

Македонското знаме се развиори во Шведска на…

Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…

Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…