Објавено на:

Мртва трка: Путин тестира нуклеарки, Пентагон хиперсонично оружје

t

Американската морнарица и армија истрелаа проектил од лансирна рампа во Вирџинија за да извршат околу десетина експерименти со хиперсонично оружје, соопшти Пентагон.

Британските медиуми пренесуваат дека Пентагон тестот го оцени за успешен и изјави дека неговата цел била да се помогне во развојот на новата класа оружје.

Ракетата беше лансирана од НАСА Центарот за лансирање ракети на островот Валопс, во Вирџинија.

Хиперсоничните оружја се лансираат од ракета во горните слоеви на атмосферата, а потоа на пат до целта достигнуваат брзина пет пати поголема од брзината на звукот, поточно околу 6.200 километри на час.

САД и нивните ривали ја забрзаа трката за развој на хиперсоничното оружје како нова генерација на оружје што на противниците им го намалува времето за реакција.

Во текот на вчерашниот ден руските медиуми објавија дека руската војска извршува тестови на нуклеарно оружје кои биле надгледувани од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: САД не треба да ги користи…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја…

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе…

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет воведе нови…

Медиуми: Шефот на Пентагон нареди запирање на…

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет и наредил…

Пентагон: САД нема да испраќа војска во…

САД нема да испраќаат свои војници во…

Пентагон им забрани на трансродовите луѓе да…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…