Музичарот Ѓорѓе Давид прв пат се појави во јавност, откако прегази кумановка кај Табановце

t

Давид пристигнал на Кошутњак, во студиото на Гранд, каде во присуство на својот јавен претставник ќе зборува за настаните, објави Телеграф.

Тој пристигнал со мало градско возило, облечен во жолта јакна и фармерки, но видно изнемоштен и нерасположен.

На присутните медиуми им се обрати накратко: „Здраво добар ден“, рече тој.

Да потсетиме, Давид пристигна во Србија пред два дена, откако Обвинителството од Македонија го ослободи, односно откако му беа вратени документите.

Популарниот рокер пред повеќе од една недела доживеа сообраќајна несреќа во Македонија кога со својот автомобил удри во жена од Куманово (49) која се движела по автопат, која потоа починала.

Според достапните информации, до несреќата дошло по судирот на два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. По тој судир следел уште еден кога автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички налетал на жената која излегла од едно од возилата. Од ударот, за жал, жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала.

Во оваа прилика вчера од Телеграф го контактирале Ѓорѓе, кој потврди дека пристигнал во Белград.

– Вистина е дека сум тука. Но, не би рекол ништо повеќе, утре е конференцијата – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…

Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…

Денес и утре топло, во недела услови…

Сончево и многу топло со мала до…

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…