Муцунски го осуди вооружениот напад во Вашингтон: Насилството нема место во демократијата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата со дописниците од Белата куќа во Вашингтон.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.
Тој истакна и дека е олеснето што американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама и останатите учесници на настанот се безбедни, при што упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба.
Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.
Инцидентот во Вашингтон предизвика реакции од повеќе меѓународни претставници и повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавни политички настани во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…