Муцунски да ги избрише зградите од ДУП-от за Лисиче како што претходно избриша четири маркички, бараат од Левица

t

Тоа што градоначалникот Тимчо Муцунски инсистира да се донесе штетниот ДУП за населба Лисиче, кој е проект на Златко Марин од СДСМ, како што тврди Левица, потврдува дека овие две партии единствено работат за приватни интереси за поединци. Оттаму тврдат дека е ова вече видено сценарио, како што беше случајот со Мајчин Дом.

Нашите сомнежи се дека Муцунски сака по секоја цена да го помине ДУП-от во населба Лисиче, за да може да ја исплати скапата обврзница со која ја задолжи општината. Односно, власта на ДПМНЕ во Аеродром планира обврзницата да ја враќа со тоа што ќе го влоши животниот стандард и животната околина на жителите на населба Лисиче.  Јавно го повикуваме Муцунски, како што се избришаа четирите маркици претходно, да се избришат и сите овие згради што планираат да се градат во оваа населба – се вели во соопштението на Левица.

Оттаму потсетуваат дека токму ДПМНЕ во опозиција во 2019 година било против овие ДУП-ови, за сега власта на Муцунски истите да ги реализира,.

Потсетуваме дека фирма блиска до ДПМНЕ купила нива на оваа локација, за кратко време после тоа, со контроверзниот ДУП да се впише маркица за 12-катница. Се работи за фирма која својот инвестициски бум го реализира за време на градоначалникот Ивица Коневски. Левица нема да дозволи повторно да биде загрозен интересот на жителите на Аеродром заради тесната врска на локалната власт со градежните моќници. Го потсетуваме Муцунски дека политичката кариера на секој градоначалник во Аеродром завршила токму поради ваквите бизнис-зделки со градежната мафија – соопштуваат од партијата.

Детали за ДУП-от со кој се предвидува изградба на неколку згради, меѓу кои и висококатници, може да прочитате на линкот во продолжение.