Муцунски: Фокусирани сме на реализација на многу проекти, да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има енергија и сила да ја води Македонија поинаку и подобро

t

По убедливата победа фокусот е на реализација на многу проекти на решавање на многу проблеми, бидејќи нашата цел е преку пракса на добро владеење граѓаните да видат не само ветувања туку и реализација и да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има сила енергија да ја води Македонија поинаку, а работата која ќе ја покажеме на локално ниво да биде дополнителен мотив граѓаните да ни ја дадат довербата на предвремените парламентарни избори и да покажеме дека Македонија може да успее, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

– Како градоначалник создавам тим, луѓе кои соработуваат и сме мотивирани. Кренавме висок праг на очекувања и ние не сакаме да ги разочараме граѓаните. Затоа и имавме јавна презентација на буџетот, граѓаните да видат што ни е планирано, а сега останува да реализираме многу работи што сме ги ветиле и да бидеме фокусирани кон сите цели и реализација на се што сме ветиле, рече Муцунски.

Тој сепак додаде дека енергетската криза создава дополнителни проблеми, како и тоа што централната власт не ги зголемува дотациите со што градинките и училиштата се изложени на поголеми трошоци.

– Се соочуваме со многу сериозна енергетска криза поради која што Општина Аеродром ќе потроши околу 400.000 евра повеќе за електрична енергија од претходната година, а тоа е сума која би можела да оди во капитална инвестиција. Воедно зголемени се буџетите на министерство за образование и наука и министерство за труд и социјала, дотациите кои ги примаме за градинките училиштата се намалени за околу 20 милиони евра, рече Муцунски.

Тој додаде дека граѓаните очекуваат реализација и затоа добро е да знаат со што се соочуваат општините и дека поддршката од централната власт е на ниско ниво, а нашиот модел на локална самоуправа нема доволен степен на фискална децентрализација за општините да бидат целосно независни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да…

СДС денес повторно се обиде да произведе…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…