Му се заканувал на градоначалникот Јакимовски бидејќи не му дозволил да не оди на работа, а да зема плата

t

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски добивал закани дека ќе биде убиен, информираше утринава Јавното обвинителство. Од таму велат дека поведена е постапка за 60 годишен скопјанец.

„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму“, велат од Јавното обвинителство.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

„Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството“, додаваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува.

Како што дознава Инфомакс од свои извори во моментот на сторено кривично дело, сторителот бил во алкохолизирана состојба, а неколку часа после настанот кај него се регистрирани 1,61 промили алкохол во крвта.

Дополнително се работи за лице со досие кое и е познато на полицијата и има историја со алкохолизам. Според наши информации своевремено истиот се лекувал од зависност од алкохол.

Како што дознава Инфомакс причината за нападитр кон графоначалникот е што лицето кое било вработено во општината барало да не оди на работа, а да зема плата. Јакимовски ова не го дозволил по што се случил немилиот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…

Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…

Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…

Најновите податоци на Државниот завод за статистика…

22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…