Му се крои фашистичката капа на Ванчо Михајлов
Комисијата требаше да го разгледува списокот од Централниот регистар за тоа кои здруженија треба да ги усогласат своите имињата со измените на законот, кој забранува во називите да има фашисти и нивни соработници.
Комисијата за употреба на имињата, формирана од ексминистерот за правда Никола Тупанчевски, вчера го одржа првиот состанок за да формира мислење дали Иван Михајлов е поврзан со ширење или со поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и на Третиот рајх.
Ако мислењето е позитивно, тогаш идниот министер за правда ќе може да донесе решение за неусогласеност со Законот за здруженијата, а Централниот регистар да го избрише здружението „Иван Михајлов“ од Битола, најдоцна до 16 март.
Комисијата требаше да го разгледува списокот што го доби од Централниот регистар за тоа кои здруженија имаат имиња на историски личности и треба да се усогласат со измените на законот, кој забранува во називите да има фашисти и нивни соработници. Комисијата требаше да го разгледа и новото име на охридското здружение „Цар Борис“ ако ова здружение повторно одбрало да носи име на лик од „спорното“ минато.
Претседателот на здружението „Иван Михајлов“, Љупчо Георгиевски викендов за бугарските медиуми изјави дека нема никаква намера да се смени името на клубот.
– Правата ќе ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РС Македонија не ни ги даде правата ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур – рече Георгиевски.
Тој рече дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му посочиле дека тие не се никаков проблем, туку дека се „решението за РС Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ“ и дека се подготвени да разговараат. Георгиевски се пожали дека во декември бил на распит во Обвинителството, а сега против него има друга кривична постапка од Комисијата за заштита од дискриминација поради тоа што не ја промениле таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.
– Новата постапка против мене е за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаат македонска национална самоопределба.Од една страна министерот Османи нè кани на средба за да се намали тензијата, но од друга страна продолжуваат обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор – рече Георгиевски.
За безбедноста на македонските Бугари викендов зборуваше и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова која, на враќање од Косово дојде ненајавено во Скопје на средба со претставници на македонските Бугари во бугарската амбасада, каде им се заблагодари за храброста да ја бранат, како што рече, својата бугарска самосвест.
– Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам, нема да има ниту педа напредок во преговорите на Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК со кој ќе се почнат вистинските преговори – рече Јотова.
Судењето за нападот врз охриѓанецот Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис“, ќе почне на 28 февруари во охридскиот Основен суд, а на обвинетиот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Второобвинетиот за тепачката засега е недостапен и по него се трага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…