Објавено на:

Му се ниша фотелјата на Макрон: Левицата ќе поднесе барање за недоверба на Владата!

t

Лишен од апсолутно мнозинство гласачи во неделата, францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде принуден да преговара со сојузниците и новите партнери.

Проекциите покажаа дека коалицискиот блок на Макрон „Заедно“ го „пропушти“ апсолутното мнозинство за меѓу 40 и 60 пратеници, што е многу повеќе од очекуваното и е поразителен исход за претседателот.

Тоа значи дека тој веројатно ќе мора да бара поддршка од конзервативната Републиканска партија (ЛР), која ќе ја ужива својата улога и ќе бара висока цена од Макрон за поддршка – вклучувајќи можеби и промена на премиерот, пишува во својата анализа „Ројтерс“.

„Оваа култура на компромис е култура што ќе мора да ја прифатиме, но мораме да го направиме тоа поради јасните вредности, идеи и политички проекти важни за Франција“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер, кој и самиот е поранешен конзервативец.

Меѓутоа, ќе биде тешко за Макрон, но и за потенцијалните партнери да ја научат северноевропската уметност на градење консензус и коалицирање.

Левичарите бараат да се изгласа недоверба на владата

Француската левичарска коалиција „Нупес“ денеска соопшти дека планира на 5 јули да поднесе барање за недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Нупес“ е, по вчерашните парламентарни избори, втората по големина групација во Долниот дом на парламентот, но нема доволно гласови за да ја усвои иницијативата за недоверба и има малку сојузници во многу фрагментиран парламент, истакнува „Ројтерс“.

Според последните податоци од вториот круг од парламентарните избори во Франција, коалицијата „Заедно“ на претседателот Макрон освоила 38,48 отсто од гласовите или 245 места во Собранието, што значи дека не успеала да го задржи апсолутното мнозинство.

Левичарската коалиција „Нупес“ на Жан-Лук Меланшон освои 131 место, а „Националниот собир“ на Марин Ле Пен освои 89 места.

Француската левичарска коалиција „Нупес“ денеска соопшти дека планира на 5 јули да поднесе барање за недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски воен брод пристигна во Египет за…

Францускиот носач на хеликоптери „Диксмуд“ се закотви…

Поранешен член на ОВК убиен во Франција

Во францускиот град Дижон, поранешен припадник на…

Франција е посветена на проширување на ЕУ…

Специјалниот делегат на Франција за Западен Балкан,…

Франција понуди да лекува болни и ранети…

Франција ќе испрати воен брод во Источниот…

Макрон го опоменал Нетанјаху: Има премногу цивилни…

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор…