Навивачот на Левски во стабилна состојба, најверојатно в среда ќе биде транспортиран во Софија

t

Од клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски” за Канал 5 потврдија дека е во стабилна состојба по интервенцијата па со бугарските власти деновиве ќе се договорат деталите за транспортот. Во болницата во Скопје го посети и неговата мајка која во изјава за бугарските медиуми рече дека лекарите се грижат за него но не сакаше да го коментира инцидентот во Чаир ниту мотивите за тепачката.

-Жив е, малиот ѓавол, можеше и полошо да биде. Вашето дете ако е во болница и вие ќе сте загрижени. Лекарите се грижат за него, се грижат, да.

Дали се пронајдени напаѓачите?

Да оставиме на дипломатските служби да ги завршат тие работи. Официјалните власти се занимаваат со тие прашања, не е наша работа. Јас сум мајка, и сум дојдена овде да бидам до синот. Тоа е.

Вие сакате во Бугарија да биде транспортиран, таму да се опоравува?

Тоа ќе го дискутираме со амбасадата. Во прашање на време е и организација кога и како ќе се случи.

Тој редовно ли одни на натпревари, дали е навивач?

Тој е полнолетен, не е должен да ми дава отчет колку често оди и какви му се интересите.– изјави – Мајка на повредениот.

Физичката пресметка помеѓу навивачите на Левски кои со две возила се движеле во близина на Чаирчанка и лицата кои според обвинителството не биле дел од локална навивачка група се случи во четвртокот пред фудбалскиот натпревар со ФК Шкупи. Постапка во обвинителството се води против четири лица за овој инцидент осомничени за насилство за кои се определени мерки на претпазливост. Но се уште се трага по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.

-Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага. –ЈОРМ.

Инциденти имаше и пред стартот на самиот фудбалски натпревар кога навивачи на Левски кога оделе кон трибините агресивно се однесувале кон полицајците кои го обезбедувале натпреварот, при што деветнаесет беа уапсени а следниот ден ослободени откако ги платиле прекршочните казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…