Над 1.000 случаи на западнонилска треска во Европа: Најмногу заразени во Италија и Грција
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот на западнонилската треска во 15 европски земји од почетокот на сезоната, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Податоците се однесуваат на случаи регистрирани до 3 септември, а бројот значително се зголемил во последните недели.
Најмногу случаи се регистрирани во Италија – 516, по која следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88 случаи. Во Македонија се регистрирани 55 случаи, во Романија 56, во Франција 36, а во Србија 18.
— реклама —
На почетокот на август во седум европски земји биле пријавени нешто повеќе од 240 случаи, што покажува колку брзо се зголемил бројот на заразени во изминатите недели. Вкупно се погодени 144 подрачја во Европа, иако ECDC предупредува дека бројките не ја прикажуваат целосно распространетоста на вирусот.
Вирусот на западнонилската треска главно се пренесува преку комарци меѓу дивите птици, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето.
Според германскиот Институт „Роберт Кох“, околу 20 отсто од заразените развиваат треска и симптоми слични на грип, додека приближно едно од 100 заразени лица развива тешка форма на болеста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…
Откриено спомен обележје во чест на Џоко…
Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје…