„Налетав на човек што одеше по патот“: eве што вели Ѓорѓе Давид по сообраќајната несреќа

t

Ѓорѓе Николиќ попознат како Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Eве што изјави музичарот за несреќата.

-Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судира со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која го возела автомобил и удрила во нивниот автомобил е згмечена, полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка не – вели Ѓорѓе за Гранд и продолжува:

– По несреќата тие останале на автопатот, едниот автомобил беше на левата лента, другиот во десната, а минута и пол после тоа јас возејќи со брзината пропишана со знакот за автопатот директно ги удрив. Удрив во лице кое се движеше по автопат каде што возев мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене.

Да потсетиме, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Според изворот на Информер, Ѓорѓе учествувал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20 часот, на магистралниот пат Куманово – граничен премин Табановце.

Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“. Покрај тоа, две лица се тешко повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…

Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…