(Фото) Налетал на атрактивна Русинка, а потоа добил брутален одговор! Ѕвездата на Челзи со својот потег ја налути пола Украина
Младиот украински фудбалер кој игра за Челзи, Михаило Мудрик, се најде во јавноста поради обидот да ја заведе руската манекенка Виолета Грачева, која летово раскина со норвешкиот фудбалер Матијас Норман, со кој беше од 2019 година.
Убавата русокоса, која на Инстаграм го користи името Виолета Берт, има над 600.000 фанови, а на нејзините шарм не остана имуна ниту фудбалерот на Челзи. На Мудрик прво и се допадна нејзината фотографија, а потоа и пријде со предлог за средба.
Ајде да се сретнеме на мостот“, напиша Мудрик и доби експресно одбивање.
Виолета само одговорила со емоџи со заклучен катанец и на тој начин му рекла дека ништо од нивната средба. Освен што беше одбиен, Мудрик влезе во неволја затоа што неговите романтични достигнувања беа објавени од руските и украинските медиуми.

Со својот потег Мудрик ги налути Украинците, кои се бесни затоа што се обидел да заведе девојка од земја која е во војна со нивната и која е одговорна и за крвопролевањето во Украина. Мудрик на тој начин остана без Виолета и без голем број обожаватели кои се налутија од неговиот потег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…
Жена од Гостивар била измамена од непознат…
Таткото на Меган Маркл е пуштен во…
Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…
Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…
Претседателството на Македонската академија на науките и…
„Максим е патриот на батерии од Кина“…
Алијансата на Албанците реагира на најавите на…
Пукано во автомобил во движење на патот…
На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…