Објавено на:

Наоружувањето не е “за џабе”? Поранешен албански министер повика на обединување на косовската и албанската армија против Србија

t

Еден од најпознатите албански адвокати и поранешен министер за правда, Спартак Нѓела излезе со посебен предлог за „двете албански држави Косово и Албанија”, објавија албанските медиуми.

Преку објава на Фејсбук побара обединување на војските на Косово и Албанија, бидејќи, според него, модерна и силна обединета армија е историска потреба за Албанците и таа почнала да се создава и многу брзо ќе оди напред.

-Албанците мора да бидат воено подготвени против Србија: Србија е родена од ништо, создадена од криминал врз Албанците и ја искористи, не својата моќ, туку моќта на европските држави кои беа во борба со Арберија и албанизмот, најмалку 200 години пред Србите”, пишува тој.

Нѓела беше министер за правда во владата за национално помирување во 1977 година, пратеник во два мандата 2001/2005 и 2005/2009 од редовите на демократите, од кои се оддели во 2008 година и ја формира партијата Закон и правда.

Сличен став, но за целосно обединување на „двете албански држави” деновиве изнесе албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши според кого настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој оценува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни а тоа е да се приклучи кон Албанија.

-Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, напиша Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, како пример го „зема насилното отцепување на Косово од Србија”.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…