Нападната амбасадата на Азербејџан во Иран: Убиен шефот на обезбедувањето, двајца ранети
Иран го осуди оружениот напад врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран и соопшти дека го истражува нападот со „висок приоритет и чувствителност, со посебни инструкции од политичките и безбедносните власти“.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани, изјави дека најостро го осудуваат нападот врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, во кој едно лице загина, а две се повредени.
Тој изрази длабоко сочувство до азербејџанскиот народ и владата.
Размерите на овој напад и мотивот на напаѓачите се истражуваат со висок приоритет и чувствителност, со посебни инструкции од политичките и безбедносните власти. Резултатите од прелиминарните истраги на надлежните органи и институции покажуваат дека зад оваа акција стојат лични мотиви, изјави Канани.
Шефот на техеранската полиција Хусеин Рахими информираше дека напаѓачот бил приведен по нападот.
Напаѓач со автоматско оружје „Калашников“ го уби шефот на службата за обезбедување на Азербејџанската амбасада. Двајца работници од обезбедувањето на Амбасадата, исто така, се повредени додека го спречувале нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…
Прскање против комарци во пет општини во…
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…