Нападната полициска партола во Косово: Ранет еден полицаец!

t

Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на косовското МВР, полициската патрола била нападната од лица вооружени со долги пушки од возило „ауди“ со регистерски таблички КМ – Косовска Митровица, со какви што се опремуваат од Србија возилата на косовските Срби во областите во северно Косово населени со мнозинско српско население.

Како последица на нападот, се вели во соопштението, освен што е повреден еден полицаец, предизвикана е и значителна материјална штета.

– Вечерва, 08.12.2022, околу 23 часот, во селото Србовац, општина Звечане, полициска единица за време на извршувањето на редовните задачи, при патролирање, е нападната од вооружени лица со долги пушки, од возило марка Ауди, сива боја, со таблички КМ, соопшти косовската полиција.

Претходните денови имаше неколку инциденти, во кои беа употребени рачни гранати и шок-бомби, во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население. Цел на нападите беа општинските изборни комисии, кои ги започнаа подготовките за вонредните избори во тој регион, откако пред еден месец тамошните Срби ги напуштија локалните и државните институции поради намерата на Приштина да ги казнува оние кои не ги замениле нелегалните српски со косовски регистрерски таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…