Објавено на:

Нападнати еврејски училишта во Канада: Наставниците во Монтреал ја нашле изрешетана влезната врата

t

Канадската полиција соопшти дека две еврејски училишта во Монтреал биле цел на оружен напад во четвртокот.
Наставниците кога пристигнале во училишниот комплекс во Кот-де-Ниж ја нашле влезната врата изрешетана со куршуми. Во нападот никој не е повреден.

Инцидентот доаѓа по нападот со огнена бомба на синагогата во Монтреал претходно оваа недела и судирите меѓу пропалестинските и про-израелските групи на градскиот универзитет Конкордија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо повика на деескалација на тензиите на национално ниво.

– Знам дека емоциите се високи и луѓето се исплашени. Но, ние Канаѓаните не се напаѓаме едни со други, тоа не сме – рече Трудо за време на посетата на Монтреал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп пак го прогласи Ормускиот теснец за…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Русија ќе го реши недостигот со увоз…

Рускиот вицепремиер Александар Новак на вчерашниот конгрес…

Хаос на лет во САД: Се запалил…

Драматичен инцидент се случил во авион на…

149 луѓе заробени на вулкан во Камчатка:…

Дури 149 луѓе останале заробени на вулканот…

(Видео) Земјотрес од 5,9 степени ја погоди…

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го…