Напад врз безбедносните сили во Сирија
Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се повредени во напад на вооружени групи врз припадници на безбедносните сили во сириската покраина Свеида, објави државната телевизија Екбарија, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Вооружените групи наводно го прекршиле прекинот на огнот договорен минатиот месец во претежно друзскиот регион во јужна Сирија, каде што избувнаа жестоки судири меѓу членовите на заедницата друзи и бедуинските групи кон средината на јули. Според Ројтерс, околу 100 лица се убиени, а повеќе од 500 се повредени за време на судирите.
Судирите започнаа на 13 јули и кулминираа со интервенцијата на израелските воздухопловни сили, кои, како што објави Тел Авив, извршија напади врз неколку позиции, вклучувајќи ги и предградијата на Дамаск, во обид да спречат „масовни убиства на друзи“. Ова предизвика дополнителни тензии во регионот, но и критики од Дамаск за кршење на сирискиот суверенитет.
Сириското Министерство за вонредни ситуации објави дека најмалку 100 лица се убиени за време на дводневниот бран насилство, додека 561 лице се здобило со повреди со различна тежина.
Ситуацијата привремено се смири по прогласувањето на сеопфатен прекин на огнот на 19 јули, кој беше постигнат со посредство на неколку племенски и верски водачи. Сепак, најновиот напад укажува на кршливоста на постигнатиот договор и потенцијалот за нов бран нестабилност во овој дел од Сирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…
Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…
Австриската влада најави нов пакет мерки со…