Народна банка ја зголемува каматната стапка на благајничките записи до ниво од 2,5%

t

На 12 јули 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари.

Поради растот на цените на примарните производи на светските берзи и застоите во синџирите за снабдување, коишто влијаат и на останатите видови производи, инфлацијата и натаму бележи нагорни движења, како во светски рамки, така и во нашата економија којашто е во голема мера зависна од увоз. Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, од последниот квартал минатата година па наваму, придонесуваат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и останатите инструменти, како што се депозитот преку ноќ, седумдневниот депозит, репо-операциите и благајничките записи.

Во текот на годината, во два наврата беa направени и промени кај инструментот задолжителна резерва заради понасочено делување врз процесот на евроизација, којшто дополнително влијае врз побарувачката на девизниот пазар. Оваа мерка е во склад и со Стратегијата за денаризација на домашната економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…