Насилник од Петровец ги тепал поранешната партнерка и нејзините три девојчиња!

t

Уште еден случај на семејно насилство во скопско, од каде доаѓаат најголем број извештаи за вакво насилство во полициските билтени – во село во општината Петровец, 37-годишен насилник во 4 наутро ја нападнал поранешната партнерка и ги туркал нејзините три малолетни ќерки, а оштетил и дел од нивниот дом и покуќнината, соопшти МВР.

– На 12.03.2025 во 12.00 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот утрото физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом, соопштија од полицијата.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец им се заканувал на сопругата и…

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од СВР…

Единаесет месеци казна затвор за родителот кој…

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските…

Осомничен нанел тешка телесна повреда на жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…

Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…

Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра,…

Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош…