Наставник им дал на ученици да си напишаат некролог, па добил отказ

t

Наставник по психологија во средно училиште во американската сојузна држава Флорида е отпуштен откако им наложил на учениците да напишат свои некролози пред вежба во случај на пукање во училиште, јавуваат американските медиуми.

Семејствата на децата биле известени дека наставникот им дал „несоодветна задача за насилство во училиштето“ и дека истиот ден му бил раскинат договорот за работа.

Џефри Кин (63), кој работи во училиштето од јануари, задачата им ја доделил на учениците од 16 и 17 години.

Професорот смета дека не направил ништо лошо и ќе се жали на одлуката.

Тоа го сторил бидејќи сметал дека пишувањето некролози ќе им помогне да размислуваат за нивните животи доколку има пукање во училиште, објасни тој за локалниот телевизиски портал Фокс.

„Тоа не беше за да ги исплаши или да ги натера да мислат дека ќе умрат, туку само да им помогне да сфатат што е важно во нивните животи. Кин исто така објави копија од задачата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставник нападнал ученик во училиште – доби…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе…

Наставник им дал на ученици да си…

Наставник по психологија во средно училиште во…

Костадинов: Разрешен директорот на училиштетво во кое…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, го разреши директорот…

Драма во Скопје: Наставник нападнал дете во…

На 09.03.2022 во 08:45 часот во Полициска…

Судењето за наставникот кој претепа ученик со…

Судскиот процес, против професорот по англиски јазик…