Објавено на:

НАТО не е нападнато: Бајден останува против испраќање на американски војници во Украина!

t

Американскиот претседател Џо Бајден останува на својот став да не се испраќаат војници во Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Белата куќа за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност.

Тој ја коментираше неодамнешната сторија на телевизијата Си-би-ес во која командантот на американската 101-та воздушна дивизија, која пристигна во Романија, зборуваше за неговата подготвеност „да ја премине границата и да влезе на територијата на Украина”.

Според Кирби, тоа би било можно само во случај на воена ескалација или напад врз НАТО.

Кирби истакна дека Бајден не ја променил својата одлука да не ја вклучува војската во овој конфликт.

-Не сум разговарал со командата на 101-та воздухопловна дивизија, знам дека тие учествуваат во вежбите на НАТО, со некои од нашите сојузници. Меѓутоа, претседателот беше многу јасен. Американската војска нема да се бори во Украина, нагласи Кирби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…