НАТО постигна договор за регионалните планови во случај на руски напад!
Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад.
Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана.
Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на плановите поради прашања за географски локации како Кипар, но членките на НАТО на крајот постигнаа договор, пишуваат британски медиуми.
Поради финансирањето на овие планови, лидерите се подготвени да ги зголемат целните воени трошоци, со што сегашните два отсто од националниот БДП ќе бидат минимални барања. Претставниците на НАТО проценуваат дека ќе бидат потребни неколку години за спроведување на плановите, иако нагласуваат дека ако е потребно, Алијансата може веднаш да војува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…