Објавено на:

НАТО: Путин не е заинтересиран за мир

t

Рускиот претседател Владимир Путин „не е заинтересиран за мир“, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, јавува агенцијата Анадолија.

Говорејќи на прес-конференција пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел, Руте рече: „Тој (Путин) притиска, обидувајќи се да заземе поголема територија, затоа што мисли дека може да ја сруши одлучноста на Украина“.

„Украина влегува во уште една клучна зима. А руската агресија не покажува знаци на намалување. Токму спротивното, Путин ја засилува својата реторика и непромислените постапки“, додаде тој.

Според Руте, Путин ја користи Украина како „простор за тестирање на експериментални ракети и распоредува севернокорејски војници во оваа нелегитимна војна“.

Тој порача дека НАТО ќе продолжи силно да ја поддржува Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…