НАТО ќе ѝ даде на Украина 2,4 милијарди евра за муниција
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Алијансата потпишала рамковни договори во висина од 2,4 милијарди евра за муниција за Украина.
– Ова ќе им помогне на сојузниците да ги надополнат своите резерви додека продолжуваат да ја снабдуваат Украина, истакна Столтенберг.
Тој ја повтори поддршката за Украина, посочувајќи дека иднината на Киев е во НАТО.
– Додека работиме заедно за да ве подготвиме за таа иднина, НАТО ќе биде со Украина сè додека е потребно, нагласи Столтенберг.
Зеленски му се заблагодари на Столтенберг за неговата поддршка, додавајќи дека е особено важно кога некои бараат да се прекине воената поддршка за Украина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…