Објавено на:

НАТO ги подгрева тензиите: Најавено распоредување на вoeни сили во Источна Европа

t

Министрите за одбрана на НАТО одлучија да размислат за распоредување нови борбени групи во Источна Европа, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
„Министрите разговараа за зајакнување на нашата одбрана и ограничување. Тие одлучија да размислат за распоредување на нови борбени групи во Источна Европа“, рече тој.
Генералниот секретар додаде дека такви групи би можеле да бидат распоредени во областа на Црното Море.
Претходно портпаролката на руското МНР Марија Захаров изјави дека НАТО има намера регионот на Црното Море да го претвори во геополитичка арена.

„Милитаризацијата на регионот на Црното Море е стара идеја на НАТО. Алијансата има намера да го претвори овој навистина мирен регион на соработка во уште една арена на геополитички битки и ривалства“, рече таа на неделен брифинг.
Односите меѓу Русија и Западот станаа многу напнати во последните месеци. Вашингтон и Брисел ја обвинуваат Москва дека подготвува „инвазија“ на Украина и во тој контекст го засилуваат своето присуство во Источна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…