Научници: Земјотресите ја поместија Турција за три метри
Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони, денеска изјави дека движењето на тектонските плочи кое го предизвикало земјотресот во Турција, ја поместило територијата на таа земја за три метри.
„Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на Анадолската плоча“, рече Дољони, додавајќи дека има поместување од три метри во должина од околу 160 километри“, пренесе „Дејли мејл“.
Бројот на жртви во серијата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 7.200, преку 25.000 луѓе се повредени, а според проценките на властите, од последиците од природната катастрофа ќе бидат засегнати повеќе од 23 милиони луѓе во двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…