Објавено на:

Нафтали Бенет: Мора да го заземеме Рафа за Хамас да си замине

t

– Речиси секој Израелец сфаќа дека треба да го земеме Рафа ако сакаме Хамас да си оди. Ако не ги уништиме целосно, тие целосно ќе се обноват, рече Бенет.

Тој смета дека околу милион цивили кои побегнале од конфликтот во другите делови на Појасот Газа во тој најјужен град во малата енклава, можат да бидат преместени во областа северно од Кан Јунис.

– Видете, тоа не е хотел со пет ѕвезди. Таму не е удобно. Овде ништо не е она што ние сакавме да го направиме, рече Бенет.

На новинарско прашање дали Белата куќа се обидува да го смени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот премиер на Израел одговори дека тоа е демократска земја и не е тајна дека се одржуваат големи протести поради политичката ситуација.

– Но, во исто време, огромно мнозинство Израелци ја поддржуваат целта за уништување на Хамас, бидејќи навистина немаме друг избор, рече Бенет.
Тој на Х најави дека ќе продолжи да дава интервјуа за странски медиуми откако во средата зборуваше за Фокс њуз.

Израелската војска вчера соопшти дека планира да насочи голем дел од 1,4 милиони раселени Палестинци во Рафа на „хуманитарните острови“ во централниот дел на земјата. Судбината на Палестинците во Рафа ги загрижува израелските сојузници.

Хуманитарните организации предупредуваат дека офанзивата во Рафа ќе биде катастрофа.

Израел тврди дека таа е потребна за да се постигне целта да се елиминира Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…