Нафтата пак поскапува, цената достигна 77 долари за барел
Цените на нафтата на светските берзи во вторникот се вивнаа до 77 долари, што според аналитичарите е одраз на стравувањата на трговците дека американските санкции против Иран и Русија значително ќе ја намалат понудата.
Во Лондон, цената на барелот попладне беше за 1,20 долари повисока од вчерашното затворање на тргувањето – 77,06 долари. Сличен пораст имаше и на американскиот пазар, каде цената достигна 73,43 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во понеделникот поскапел за 51 цент на 77,22 долари.
Пазарите се фокусираа на американските санкции за руската и иранската нафта на почетокот од седмицата. Поранешниот американски претседател Џо Бајден кон крајот на својот мандат воведе санкции за превозниците, осигурителите и производителите на руска нафта, што ја науши нејзината испорака во Кина и Индија, што предизвика пораст на цените на транспортот. Новиот кабинет под раководство на Доналд Трамп го зголеми притисокот врз Иран минатата седмица со нови санкции за превозниците кои транспортираат нафта во Кина.
Намалената понуда се совпадна со зголемената побарувачка за поевтино гориво поради поскапувањето на бензинот. Во такви услови новите американски царини паднаа во втор план.
Трамп во понеделникот објави дека, со цел да и помогне на домашната индустрија, ќе стави крај на сите олеснувања на 12. март и ќе воведе дополнителни царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја, Аргентина, Австралија, Бразил, Јапонија и Обединетото Кралство. САД веќе воведоа царини за увозот од Кина, а Пекинг одговори со давачки за увоз на американски јаглен, течен природен гас и нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…
Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…
Цената на нафтата скокна над 100 долари…
Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…
Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…
Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…