Националната гарда на Украина: Русите напредуваат во правец на Бахмут
Командантот на баталјонско-тактичката група на 4-та оперативна бригада на украинската национална гарда, полковник Сергеј Сидорин денеска предупреди дека руските сили постигнале делумен „успех“ во правец на Бахмут и ја окупирале источната периферија на населбата Ивановски во регионот на Доњецк.
Тој истакна дека во правец на Бахмут руската армија ги интензивира напорите за изведување офанзивни дејствија.
„Во текот на изминатиот ден имаше 8 престрелки со непријателот. Најжешки места се населбите Ивановски и територијата јужно од Бохдановка каде, за жал, непријателот имаше делумен успех – ја окупираа источната периферија на населбата Ивановски“, навел Сидорин, пренесува „Униан“.
Тој изјавил дека Русите ќе се обидат да напредуваат понатаму и да го окупираат Часов Јар со цел оттаму да ја контролираат околината и територијата.
„Тоа многу ќе ни ги отежни маневрите и движењата и ситуацијата ќе биде доста тешка“, предупреди Сидоров.
Според него, Русите со авијација директно ја таргетираат населбата Часов Јар, каде што остануваат многу цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…