Начинот на пресметка на платите во културата што го бара СКРМ отстапувал од пресметките на останатите вработени во јавниот сектор, велат од министерството

t

Начинот на пресметка на платите во културата , што го бараат од Синдикатот за култура е единствен и отстапува од пресметките на плати за останатите вработени во јавниот сектор. Ова е одговорот од Министерството за култура и туризам на прашањето на Телма, за барањето на СКРМ, платите да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор за јавен сектор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за култура.

Зголемувањето од 10% во септември 2023 година не беше вградено во коефициентите по работно место, утврдени во член 66 од Колективниот договор за култура, па поради тоа, секоја објава на новата минимална плата предизвикува зголемување на износот на минималната бруто – плата за 10% и создавање нова минимална бруто- плата која отстапува од минималната бруто – плата, објавена во согласност со закон, велат од Министерството за култура и туризам.

Упатството е донесено да не се создава правна несигурност. Според него , основната бруто плата во установите од културата се пресметува така што минималната плата се множи со коефициентот на сложеност на работно место, во согласност со член 65 од Колективниот договор за култура. А, на добиениот износ се додава разликата по работно место меѓу исплатената осносна бруто плата за септември 2023 година и исплатената за август истата година, во согласност со член 14 , став 1 од Општиот колективен договор за јавен сектор, велат од министерството.

За реакцијата на Синдикатот дека упатство донесено само со потпис на министерот Љутков, не може да биде над законите и колективните договори, од министерството одговараат дека немаат цел да бидат над нив, туку доследно ги почитуваат.

А, добиените 15 пресуди во корист на Синдикатот, од ресорот не ги коментираат. Но, велат дека според правниот систем во Македонија, до правосилноста на пресудите постојат и повисоки судски инстанци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…