(Видео) Нашите “генијалци” од власта буквално го ископираа скечот на К-15 за лебот

t

Новинарот Срѓан Ивановиќ со интересен став и потсетување на еден скеч на популарните К-15 кој навистина е актуелен во моментов!

-Овде немало леб, вели Миле Паника и решава да оди на друго место каде има леб. Камерата потоа снима сообраќајна табла која го покажува најблискиот пат до Западна Европа (виа Белград). Не е прв пат генијалците од К-15 да бидат пред времето, но мислам дека е прв пат нашите “генијалци” од власта буквално да ископираат еден скеч.

Денеска нема леб во продавниците, буквално. Причината за тоа е глупава и е резултат на реакцијата од акцијата на капитализмот помешан со смеса од будалаштини и воено профитерство.

Во изминативе 30 и повеќе години властодршците приписно се помачија да не иселат од земјава, а сега очигледно дека се пуштени на најјако.

Тие што ќе останат, тука мислам на извршителите и членовите на судскиот совет секако дека нема многу да се бунат за името и за историјата. Можеби и тоа е намерата? – нотира новинарот Ивановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…