НАЈАВА ЗА ЛШ: Баерн гостува во Париз, а Милан го чека Тотнем на „Сан Сиро“
По долга пауза конечно ни се враќа елитната Лига на шампиони (ЛШ) со два спектакуларни дуели, кои вечерва се играат меѓу Милан и Тотнем, како и меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.
Најинтересен дуел во оваа фаза од елитното натпреварување се очекува да биде меѓу парижаните и баварците, кои вечерва ќе се соочат на „Паркот на принцовите“. Баерн е во серија од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања, а последниот неуспех го доживеаа на 17 септември 2022 година против Аугсбург во Бундеслигата.
ПСЖ, од друга страна, е лош оваа година и има три порази, едно реми и три победи, а главоболка за тренерот Галтие е и тоа дали Лионел Меси ќе може да настапи вечерва поради повреда на тетивата на средбата против Монако.
Добра вест за парижаните е тоа што се враќа Килијан Мбапе, кој ги пропушти последните три натпревари, па се очекува вечерва да биде главен адут на францускиот првак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…