Најавени нови бугарски клубови во Македонија
Писмената согласност на Симеон Втори е наведена во документите преку кои Централниот регистар го впишува Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ – Охрид. Ова го покажуваат документите од Централниот регистар кои ги обезбеди Канал 5.
Симеон Втори во октомври минатата година од дворецор Врана согласноста да го формира здружението му ја дал на извесен Томе Блажески, кој станува претседател на Здружението Борис Трети од Охрид.
„Со интерес дознав дека вие и вашите истомисленици сакате да основате културно-просветно друштво во Охрид. Ви благодариме за иницијативата ова друштво да го носи името на мојот татко цар Борис III. Вашиот предлог ме трогна и секако дека ја имате мојата согласност и мојата поддршка.“- Симеон Втори
Канал 5 праша во Централниот регистар и дали доколку некој сака да формира здружение кое би гласело Адолф Хитлер или Бенито Мусолини ќе му се овозможи тоа. Оттаму не прератија на денеска објавеното соопштение во кое институцијата се правда на недоволно законски регулативи.
„Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата. Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.“- Централен регистар
Еврсјската заедница веќе реагираше на како што велат „леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза“. Инаку, Цар Борис Трети ја предводел Бугарија за време на Втората светска војна како сојузник на Нацистичка Германија. Честопати бил во официјални посети на Берлин каде се среќавал со Адолф Хитлер за што сè уште постојат и видео докази, а за време на неговото владеење биле депортирани македонските евреи во Треблинка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ стравуваат дека…
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката…
Мицкоски и Рама на промоција на „One…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска, заедно…
„Мојот пријател“ – Трамп објави фотографија со…
Американскиот претседател Доналд Трамп на мрежата „Трут…
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Eве какво време не очекува денес
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…