Објавено на:

Најавен 19-ти пакет санкции против Русија по ноќешниот ракетен напад врз Киев

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти за нови санкции против Русија по ноќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град.

„Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во соопштение за медиумите.

Таа додаде дека две ракети паднале на растојание од 50 метри од зградата на Делегацијата на ЕУ во рок од 20 секунди и дека никој од персоналот не е повреден.

Претседателката на Европската комисија објави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.

„Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, напредуваме во работата на замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, рече фон дер Лајен.

Таа објави дека во утре ќе започне повеќедневна турнеја низ седум земји-членки „кои ги зајакнуваат и заштитуваат нашите надворешни граници со Русија и Белорусија“.

„Сакам да ја изразам целосната солидарност на ЕУ со нив и да го споделам напредокот што го постигнуваме во градењето силна европска одбранбена индустрија, особено преку нашиот заеднички одбранбен инструмент SAFE“, рече таа.

Таа прво ќе ја посети Летонија, потоа Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…