Најважните настани во Македонија кои ја одбележаа 2021

t

Вакцинацијата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), другите варијанти на коронавирусот ширум светот, вклучувајќи го и регионот, ја одбележаа оваа година.

Во Македонија се случија и различни трагедии, како пожарот во модуларната болница во Тетово каде загинаа 14 лица, и автобусот кој се запали западно од бугарскиот главен град Софија, каде загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца.

– 2 јануари – Дипломатка од македонската мисија во Обединетите нации (ОН) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк.

– 21 јануари – Собранието на Република Македонија го изгласа Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во земјата, со што се овозможи во Македонија да се спроведе попис по 19 години.

– 17 февруари – Во Македонија, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести започна процесот на вакцинација, со кој беа опфатени 260 медицински лица.

– 26 февруари – Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, осуден е на казна затвор од 12 години, а поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, осудена е на 4 години затвор, со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје во случајот „Таргет-тврдина“.

– 26 февруари – На протестите одржани во Скопје против судската одлука за случајот „Монструм“, во чии рамки беа изречени три казни доживотен затвор за кривично дело тероризам, ситуацијата стана тензична, откако демонстрантите неколку пати се судрија со полициските сили кои не им дозволија да го продолжат маршот кон владината зграда.

– 5 април – Во Македонија започна масовната имунизација на населението против коронавирусот (Ковид-19).

– 29 јули – На иницијатива на премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама, а со поддршка на стопанските комори на трите земји, во Скопје се одржа Економски форум за регионална соработка во чии рамки иницијативата наречена „Mини Шенген“ за соработка меѓу земјите од Западен Балкан беше официјално именувана како „Отворен Балкан“.

– 2 август – Шумски пожари ја зафатија планината над градот Кочани, по што зафатија неколку куќи од првата линија на долниот дел на планината, а утрешниот ден властите соопштија дека пожарот е ставен под контрола.

– 5 септември – Во Македонија започна пописот на населението, домаќинствата и становите, што траеше до 30 септември, во чии рамки беа попишани 1.832.696 граѓани, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, со исклучок на 204.805 граѓани кои се самопопишаа во дијаспората.

– 9 септември – Пожар ја зафати модуларната болница во Тетово, каде што се лекуваа пациенти заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19). Во оваа трагедија загинаа 14 лица, додека десетици лица беа повредени.

– 17 октомври – Во Македонија се одржа првиот круг од седмите локални избори во 80 општини во земјата и Град Скопје, додека вториот круг се одржа на 31 октомври.

– 11 ноември – Опозицијата во Собранието на Македонија требаше да гласа за иницијативата на опозицијата за недоверба на Владата, но гласањето беше неуспешно поради тоа што немаше доволен кворум, односно немаше присутни 61 од вкупно 120 пратеници.

– 12 ноември – Движењето БЕСА, што беше дел од владината коалиција во Македонија, објави дека оставка даваат министрите, заменик-министрите и директорите на институциите во земјата, поради наводи за „нарушување на демократијата“ на последните локални избори во земјата.

– 23 ноември – Патнички автобус со регистерски таблички од Македонија, што се враќал од Истанбул кон Скопје, се запали западно од бугарскиот главен град Софија, при што загинаа 45 лица, вклучувајќи и 12 деца, а седум лица беа повредени.

– 23 декември – Собранието на Македонија ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, што тој ја најави по неповолните резултати од локалните избори одржани во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Загина 63-годишен прилепчанец при палење на стрниште

Во несреќен случај, од пожар загина 63-годишен…

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“…

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест…

Момче влегло во замрзнувач и се смрзнало…

Се сомнева дека малото момче од Кордоба…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…