Најверојатниот иден претседател на Србија носи еден многу важен детал на раката
Црната нараквица што академикот Радомир Саичиќ ја носеше на левата рака привлече внимание на прес-конференцијата во белградскиот „Сава центар“, каде што Студентската листа го претстави како свој кандидат за претседател на Србија.
Како што пишува српскиот портал „Директно“, нараквицата по изглед потсетува на лестовка, традиционална староруска кожна бројаница што се користи во православната молитвена практика. Таа е составена од низа кожни делови распоредени како скалила, а името ѝ потекнува од рускиот збор за скали.
Засега нема потврда дека нараквицата што ја носеше Саичиќ е лестовка.
Саичиќ е академик и редовен професор на Хемискиот факултет при Универзитетот во Белград. На прес-конференцијата беше соопштено дека одлуката за неговата кандидатура е донесена по консултации во рамките на студентското движење. Според „Директно“, претседателските избори се закажани за 27 декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најверојатниот иден претседател на Србија носи еден…
Црната нараквица што академикот Радомир Саичиќ ја…
Невремето „Аргос“ направи хаос на Халкидики, снег…
Невремето „Аргос“ утрово, на 29 ноември, поплави…
Нафтата поевтини за 20 проценти во ноември,…
Цените на суровата нафта нагло паднаа во…
Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата…
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека…
ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро…