Најмалата општина во Македонија има само 2086 жители

t

Најмалата општина во земјава, Зрновци има само 2086 жители, а најголемата, Куманово, без малку 100 000 жители. Станува збор за огромни разлики кои што укажуваат и на различните развојни капацитети на општините.

“Проблемот на празнење на руралните населени места или нивна депопулација, со децении е присутен во нашата земја. Прво како резултат на миграцијата село-град, а сега уште повеќе и како резултат на иселувањето на младите луѓе во странство. Последните резултати од пописот покажаа дека бројот на население опаѓа, што значи дека го губиме најважниот ресурс во државата, човечкиот, додаде тој во рамки на разговорите за регенерација на оддалечените рурални области“, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Министерството за локална самоуправа преку политиката за рамномерен регионален развој преку две посебни мерки за стимулирање, реализирало 47 проекти за развој на селата и 23 проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби, во вкупна вредност од 230 милиони денари, објасни министерот Пенов на тркалезната маса во делегацијата на ЕУ организирана од Италијанската амбасада во земјава.

Според него, се повеќе се инвестира во мобилноста, во олеснување на дневната комуникација село-град, во можноста за развивање на мали бизниси кои што ќе ги сервисираат потребите на градот.

Во Законот за рамномерен регионален развој од минатата година е воспоставен уште еден механизам – Програма за финансирање на урбаните подрачја. Оваа програма не е насочена само кон развој на градските јадра, туку пред се има за цел да финансира проекти кои што ќе ја подобрат поврзаноста на градот со руралните населени места, додаде министерот за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

ХОРОР ВО ЗРНОВЦИ: Пронајдено е тело на…

Според неофицијални информации, Во Зрновци е регистриран…

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…