Објавено на:

Најнови анкети во САД: Расте поддршката за Трамп, паѓа рејтингот на Бајден

t

Помалку од една третина од Американците сакаат реизбор на актуелниот американски претседател Џо Бајден на изборите следната година, покажуваат резултатите од анкетата објавени од американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 42 отсто од испитаниците позитивно ги оценуваат активностите на Бајден како претседател. Во јануари тој беше поволно оценет од 45 проценти.

Истражувањето покажува и зголемување на незадоволни граѓани од работата на претседателот од 55 отсто во јануари на 57 проценти сега.

Покрај тоа, 67 отсто од анкетираните оцениле дека здравствената состојба на Бајден не му дозволува ефикасно да ги извршува своите должности, а за 65 проценти од испитаниците тој не влева доверба.

Севкупно, само 32 отсто од анкетираните рекле дека Бајден заслужува да биде реизбран. Поддршката за Бајден е најмала кај Американците помлади од 35 години. Само 26 отсто од нив изјавиле дека Бајден е достоен за реизбор.

Анкетата на Ројтерс и Ипсос, пак, покажа дека Американците се поделени околу гонењето на поранешниот претседател Доналд Трамп, но апсењето ги зголемило неговите шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година.

Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно обвинителите да го отворат првиот кривичен случај против американски претседател или поранешен претседател.

Околу 84 отсто од оние кои се изјасниле како демократи рекле дека обвиненијата се оправдани, додека со тоа се согласиле само 16 отсто од републиканците.

Околу 40 отсто од републиканците рекле дека тоа ги прави поголеми шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекле дека тоа ги прави помали шансите за да го поддржат. Други 38 отсто рекле дека сè што се случило со Трамп немало влијание врз нивното мислење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…