„Најн“ за „Таурус“ – Бундестагот отфрли Резолуција за испорака на ракети со долг домет за Украина
Мнозинството пратеници во Бундестагот денеска гласаа против новата резолуција на најголемата опозициска пратеничка група ЦДУ/ЦСУ со која се бараше Германија да испорача крстосувачки ракети со долг домет „Таурус“ за Украина.
За отфрлање на резолуцијата гласаа 495 парламентаци од 690 присутни, 190 гласаа против, а пет беа воздржани. Состанокот го пренесуваа локалните ТВ канали. На гласањето му претходеше едно и пол часовна дебата за предлогот на конзервативната опозиција, пренесува Укринформ.
Пратениците од редовите на „зелените“ и „либералите“, кои се дел од владеачката коалиција, во своите настапи, воглавно, ја поддржаа идејата за испорака на ракети со долг домет за Украина, но при гласањето ја почитуваа „коалициската“ дисциплина и заедно со Социјалдемократската партија гласаа против.
Против беа и десничарската „Алтернатива за Германија“ и „Левица“ кои во повеќе наврати повикаа на прекин на испораките на било какво вооружување на Украина за да се отвори пат за мировни преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…
Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…
Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…
Кумановец условно осуден за веење на знаме…
Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово добил условна…
Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…
АНБ ја следи одлука на Египет да…
Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена…
Започна откупот на годинешната реколта по цена…