Најчевска за Тупанчевски: Веднаш да биде разрешен, да се расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот

t

Професорката Мирјана Најчевска смета дека министерот за правда Никола Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен од функцијата, а а Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот.

Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот, напиша Најчевска.

Тупанчески  призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот.

Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…

Тупанчевски не знае каде Русковска треба да…

-Има начин на којшто може да се…

Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…