На војниците им се дава небезбедна храна, месото не го прима комисија, туку еден човек, извршени контроли кажуваат дека тоа месо не смеело да се прима во АРМ

t

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа ја повика новата министерка за одбрана Славјанка Петровска да истражи дали во време на министерувањето на Радмила Шекеринска се купени гуми за возила кои не се во употреба на Армијата на Република Македонија.

-Сега имаме нов министер за одбрана, па нека истражи дали се купувани гуми за возила кои што се расходовани и не се во употреба во Армијата, а се платени тие гуми. Еве нека проверат дали е тоа така или не е така, вели Ковачки.

Ковачи истакна дека и храната на војниците која се дава не е безбедна посочувајќи дека тој во неколку наврати реагирал на својот официјален фејсбук профил каде што објавувал документи дека месото кој што го јаделе војниците не смеело да биде примено во армијата.

-Имаме прашања за месото кој што го јадат војниците, со поминат рок, што се чува во нехигиенски услови. Значи ги нарушувате вие безбедносните протоколи за храната, и сега такво месо се чува. Тоа месо не го прима комисија како што е по правило, туку го прима еден човек и зашто? Затоа што тој е нивен и тој дели со нив. Еве нека го демантираат тоа. Јас точно на фејсбук сум објавил број на договори, на кој датуми се правени контроли каде точно е сугерирано дека тоа месо не смее да биде примено во редовите на Армијата и тоа месо го имаат изедено војниците. И со тоа они се гордеат и кажуваат дека сме успеале, а во што сме успеале, праша Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“

 Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…