На ГП „Табановце“ влегле над 133 илјади граѓани, на ГП „Богородица“ излегле скоро 38.000 патници
Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин „Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 лица.
– На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10:00 часот до денеска, до 10:00 часот влез во државата оствариле 52.399 македонски државјани, а излез оствариле 27.690 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 80.766 а ја напуштиле нашата држава 45.950, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму велат дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Наплив на патници е регистриран и на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Во истиот период (01.08.2025 од 10:00 часот до 03.08.2025 до 10:00 часот) влез оствариле 29.959, додека излез оствариле 37.806 патници.
– Влез во државата оствариле 11.472 македонски државјани а излез оствариле 16.011 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 18.487 а ја напуштиле нашата држава 21.795, информираше МВР.
И на овој премин, МВР ги презема сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
МВР и останатите институции редовно ги постсетуваат возачите да внимаваат, да ги почитуваат правилата, прописите, да возат одморени, да прават паузи, да патуваат одморени, да внесуваат течности и безбедно да стигнат до саканата дестинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…
Во автобус кој е запрен на граничниот…
На Табановце приведен кумановец, во неговото возило…
На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен…
АМСМ: Отстранета блокадата на Евзони, нормализиран сообраќајот…
Од вчера од 21:00 часот блокадата за…
Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…