На денешен ден почина Петре М. Андреевски: “Живееме во третина татковина, значи располагаме со третина слобода?”

t

На денешен ден, во 2006 година, почина великанот на современото македонско творештво, Петре Мито Андреевски.

Андреевски е македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн.

Меѓу богатото творештво мора да се издвојат “Пиреј”, “Небеска Темјановна”, “Дениција”, “Последните селани”, “Тунел”, “Бежанци”, и познатата стихозбирка за деца “Касни порасни”.

Од многуте напишани и кажани зборови на Петре Мито Андреевски би ги издвоиле следниве:

– “Мислам дека ние и слободата ја прифативме со мошне голем талог на ропска психологија.
Дали е тоа, во најголем дел, последица на делбите на Македонија? Не знам.

Имав еден пријател кој имаше обичај да каже дека живееме во една третина татковина.
Од тоа би требало да произлезе дека располагаме и со една третина слобода.

Но слободата се остварува и во тоа колку сме готови да ја браниме и од нашите слабости.”, велеше Андреевски.

Вечна Ви слава великану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000…

Во Кривичниот суд започна судењето против суспендираниот…

(Видео) Снимен обид за барање мито од…

На инстаграм се појави видео снимено на…

Притвор за судски полицаец и службеник за…

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…

Се огласија од СПМ откако вчера им…

Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако…

Ина Многуфина со коментар за соѕиданите пари…

Вчера како бомба одекна веста за откако…